• петок, 28 јуни 2024

Рондо кариерата ќе ја продолжи во Атланта

Рондо кариерата ќе ја продолжи во Атланта
Атланта, 22 ноември 2020 (МИА) – Плејмејкерот Раџон Рондо својата кариера ќе ја продолжи во Атланта, објави инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски на Твитер. Договорот со 34-годишниот кошаркар ќе трае две години. За тоа време, тој ќе заработи 15 милиони долари. Рондо претходно се откажа од едно сезонско продолжување на договорот со Лос Анџелес лејкерс и стана неограничен слободен играч. зс/

Остани поврзан