Рондо: Дисциплината е она што го разликува Леброн од другите играчи
- Плејмејкерот на Лос Анџелес лејкерс, Раџон Рондо откри што го прави посебен неговиот соиграч Леброн Џејмс.
Лос Анџелес, 14 октомври 2020 (МИА) – Плејмејкерот на Лос Анџелес лејкерс, Раџон Рондо откри што го прави посебен неговиот соиграч Леброн Џејмс.
- Дисциплината е она што го разликува Леброн Џејмс од другите играчи. Секојдневна работа, рутина и огромно внимание што тој го посветува на своето тело. Тој го има најдобриот фитнес тренер.