• среда, 20 ноември 2024

Роналдо ја фрли капитенската лента по непризнаениот гол против Србија (видео)

Роналдо ја фрли капитенската лента по непризнаениот гол против Србија (видео)
Белград, 28 март 2021 (МИА) - Репрезентацијата на Португалија синоќа во Белград одигра 2:2 во квалификациски натпревар за Светското фудбалско првенство 2022. Во последната минута, трета од судиското надополнување, холандскиот судија Дени МекКели не досуди гол на Кристијано Роналдо откако топката ја мина гол-линијата. По негодувањето на 36-годишниот Португалец, судијата го казни играчот со жолт картон, а по мечот, Роналдо ја фрли капитенската лента на теренот.

По овој натпревар, Португалија и Србија имаат по 4 бода и се на првото и второто место во групата А. зс/

Остани поврзан