• петок, 05 декември 2025

Роналдо разговараше сам со себе неколку минути по поразот во полуфиналето на Азиската Лига на шампиони

Роналдо разговараше сам со себе неколку минути по поразот во полуфиналето на Азиската Лига на шампиони

Ријад, 1 мај 2025 (МИА) – Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, помина неколку минути разговарајќи сам со себе по поразот вчеравечер со 2:3 од Кавасаки во полуфиналето на Азиската Лига на шампиони.

Португалецот беше огорчен, ги рашири рацете и направи разни гестови.

Роналдо не постигна гол во полуфиналето. За време на неговите 2,5 години со саудискиот тим, тој не освои ниту еден трофеј, освен пријателскиот Куп на арапските шампиони.

Кавасаки ќе игра против Ал Ахли во финалето на Лигата на шампионите во Азија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан