• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Роналдо именува Топ 3 играчи во модерниот фудбал

Роналдо именува Топ 3 играчи во модерниот фудбал

Ријад, 8 април 2025 (МИА) - Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо ги прогласи тројцата најдобри играчи во модерниот фудбал.

-Во листата на првите тројца играчи би се вклучил себеси, Лионел Меси и Зинедин Зидан, изјави Роналдо за „Give me Sport“.

Оваа сезона Португалецот одигра 33 натпревари за Ал Наср во сите натпреварувања, постигнувајќи 28 гола и четири асистенции. 

Договорот на Роналдо со клубот од Саудиска Арабија е до летото 2025. 

Според „Transfermarkt“, пазарната вредност на играчот се проценува на 12 милиони евра.

Меси моментално игра за Интер Мајами во МЛС. Зидан ја заврши кариерата како професионален фудбалер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан