• понеделник, 23 декември 2024

Роналдо донираше за лица со аутизам

Роналдо донираше за лица со аутизам

Манчестер, 21 јули 2022 (МИА) - Кристијано Роналдо направи донација во добротворна организација која работи со лица со аутизам, информира „Manchester Evening News“.

Португалецот ја поддржа „Јас сум“ фондацијата во Манчестер. - Ова беше многу љубезен и дарежлив чин од Кристијано. Навистина го цениме тоа. Нашата организација е како семејство и веројатно нашата кауза го допре Роналдо - некој на кој семејството е најважно, рече Хелен Боден, шеф на фондацијата. Роналдо постигна 24 голови изминатата сезона со три асистенции во 39 натпревари за Манчестер Јунајтед. Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува во јуни 2023 година. ар/аа/

Остани поврзан