• петок, 05 декември 2025

Роналдо би можел да потпише краткорочен договор со Манчестер Сити или Челси

Роналдо би можел да потпише краткорочен договор со Манчестер Сити или Челси

Ријад, 19 април 2025 (МИА) - Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо би можел да смени тим за да учествува на Светското клупско првенство во 2025 година.

Според новинарот на „Спорт Бајбл“, Насер Џабар, Челси и Манчестер Сити се заинтересирани за потписот на 40-годишниот фудбалер. Португалецот би можел да потпише едномесечен договор со еден од овие клубови за настап на турнирот.

Ал-Наср му понуди на Роналдо нов договор до летото 2027. Актуелниот договор на напаѓачот истекува на 30 јуни 2025 година.

Роналдо му се приклучи на саудискиот клуб на крајот на 2022 година. Претходно играше за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Спортинг Лисабон. дс

Фото: Архива

Остани поврзан