• сабота, 16 ноември 2024

Ромската интерпарламентарна организација изрази сочувство за смртта на Амди Бајрам

Ромската интерпарламентарна организација изрази сочувство за смртта на Амди Бајрам
Скопје, 24 октомври 2020 (МИА) - Претседателот на Ромската интерпарламентарна организација Срѓан Шајн денеска изрази сочувство за смртта на лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој почина денеска на 64-годишна возраст.
-Ромската интерпарламентарна организација (РИПО) изразува најдлабоко жалење, бидејќи загуби свој истакнат член и еден од основачите, се наведува во изјавата на Шајн.
Се нагласува дека Амди Бајрам дал голем придонес за вклучувањето на Ромите во демократските процеси на одлучување во Северна Македонија, но и на меѓународен план и се додава дека неговата смрт е голема загуба за меѓународното Ромско движење.
-Потсетуваме дека Амди Бајрам еден од основачите на РИПО беше првиот претседател на Собранието на оваа организација, во која членуваат Ромите избрани во националните и регионалните парламенти во Европската Унија, се наведува во изјавата на Срѓан Шајн, претседателот на Ромската интерпарламентарна организација, со седиште во Виена. об/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан