• сабота, 23 ноември 2024

Романскиот премиер бара зголемување на капацитетите за тестирање на Ковид-19

Романскиот премиер бара зголемување на капацитетите за тестирање на Ковид-19
Букурешт, 14 октомври 2020 (МИА) - Романскиот премиер Лудовик Орбан денеска побара од Министерството за здравство да ги зголеми капацитетите за испитување на Ковид-19 и капацитетите за одговор и ги повика семејните лекари да бидат вклучени во лекувањето на пациентите кои не се хоспитализирани. - Потребно е семејните лекари да се вклучат во различните фази од процесот. Не смее да дојде до точка блокирање на капацитетот на здравствените институции, истакна Орбан. Тој ја наведе и можноста за партнерство со приватните компании со цел да се зголемат капацитетите за тестирање. ми/

Остани поврзан