• сабота, 23 ноември 2024

Романскиот министер за образование поднесе оставка поради плагијат

Романскиот министер за образование поднесе оставка поради плагијат
Букурешт, 30 септември 2022 (МИА) - Романскиот министер за образование Сорин Чимпеану поднесе оставка под притисок на јавноста и по обвинувањата за плагијат на содржината на универзитетскиот курс што го држеше.
Тој ги отфрли обвинувањата и рече дека преземал делови од учебникот за курс на универзитетот со согласност на други автори.
И премиерот Николае Чука е обвинет за плагијат на делови од својата докторска теза, што тој го негира.
Истрагата на веб-страницата „Прес Еден“ тврди дека Чимпеану, поранешен ректор на универзитетот, кој трипати беше министер за образование од 2014 година, плагирал 13 поглавја од наставниот материјал за курсот што го предавал на Универзитетот за агрономија и ветеринарна медицина.
Тој првпат беше назначен за министер за образование во владата на поранешниот премиер Виктор Понта, кој го врати докторатот откако беа потврдени наводите за плагијат против него. паг/
 

Остани поврзан