• петок, 20 декември 2024

Романо: Лампард именуван за привремен менаџер на Челзи

Романо: Лампард именуван за привремен менаџер на Челзи

Лондон, 6 април 2023 (МИА) - Френк Лампард е именуван за привремен менаџер на Челзи, објави инсајдерот Фабрицио Романо на Твитер. Поранешниот тренер на „Сините“ е под договор до крајот на оваа сезона.

 

Лампард се согласи на краткорочен договор. Воедно, клубот ќе продолжи со процесот на изнаоѓање нов тренер за долгорочен проект.

 

Четириесет и четиригодишниот Англичанец раководеше со Челзи од 2019 до 2021 година, по што мина една година во Евертон. Тој е без ангажман од јануари.

 

На 2 април, Челзи го разреши Потер од функцијата главен тренер на лондонскиот клуб.

 

По 29 натпревари, Челзи е на 11. место на табелата во Премиер лигата со 39 бодови. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан