• понеделник, 23 декември 2024

Романот „Бунар“ од Димитар Башевски објавен во Софија

Романот „Бунар“ од Димитар Башевски објавен во Софија
Скопје, 19 јуни 2021 (МИА) - Издавачката куќа „Изида“ од Софија го објави на бугарски јазик романот „Бунар“ од Димитар Башевски во превод на Тања Попова. Првото издание на романот „Бунар“ кај нас е објавен во 2001 година, ја доби потоа наградата Роман на годината на „Утрински весник“ и доживеа повеќе изданија во земјата и во странство. Минатата година, исто така во Софија, беше објавен романот „Круг“ на Башевски. Книгите на Башевски, освен на бугарски, досега се преведувани и објавувани и на англиски, чешки, романски, грчки, српски, турски, црногопрски и албански јазик. Тој е добитник на високите книжевни награди кај нас, вклучително и на награда за животно дело „Св. Климент Охридски“. сст/рп/

Остани поврзан