• понеделник, 23 декември 2024

Род Стјуарт „се фати“ за лопата

Род Стјуарт „се фати“ за лопата
Лондон, 15 март 2022 (МИА) - Британскиот рокер Род Стјуарт зеде лопата в раце и со соседите се зафати со поправка на пат во неговото гратче близу Лондон. - Овој пат е блиску фо местото каде живеам во Харлоу и вака е со години. Пред некој ден на брзата помош и пукна гума. Моето „Ферари“ никако не може да помине тука... Па, момците и јас решивме сами да го поправиме (споредниот автопат, з.п.). Значи, ние ги пополнуваме дупките, додека милиони и милиони фунти се трошат на автопатот М11, се пожали Стјуарт во видеото објавено на Инстаграм и Фејсбук. „Пополнувањето на дупките е добро за душата“, вели 77-годишната рок-ѕвезда во описот на видеоснимката. „Браво, Род!“, „Само немој да се повредиш, оти купив билети за твојот концерт“, „Те сакаме легендо!“ - се само дел од коментарите на обожавателите.  си/сд/

Остани поврзан