• понеделник, 23 декември 2024

Рогов: Киев распореди неколку десетици илјади војници во регионот Запорожје

Рогов: Киев распореди неколку десетици илјади војници во регионот Запорожје

Киев, 4 мај 2023 (МИА) - Украинските вооружени сили распоредија неколку десетици илјади свои припадници подготвени за офанзива на линијата за контакт во регионот Запорожје, изјави Владимир Рогов, лидер на проруското движење „Ние сме заедно“.

„Сега неколку десетици илјади украински борци се на линијата за контакт во регионот Запорожје... за жал, тие имаат доволно припадници на нивните сили за да извршат офанзива, распоредија доволен број борци кои можат да дејствуваат во областа Запорожје“, тврди Рогов.

Тој рече дека во средата вечерта, украинските сили се обиделе да извршат напад кај Орехово, но дека се повлекле откако изгубиле 30 свои луѓе и дел од опремата и дека борбата траела околу еден час. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан