• петок, 22 ноември 2024

Робињо уапсен во Бразил

Робињо уапсен во Бразил

 

Рио де Женеиро, 22 март 2024 (МИА) – Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Робињо е уапсен во Бразил, каде ќе треба да одлежи деветгодишна затворска казна за силување.

Како што јави денеска Би-би-си, Робињо бил уапсен во неговиот дом во Сантос.

Високиот суд во Бразил оваа недела пресуди дека 40-годишниот поранешен играч на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан мора да отслужи затворска казна откако во Италија беше осуден на девет години за учество во сексуален напад во 2013 година додека настапуваше за клубот од Милано.

Врховниот суд во четвртокот го одби барањето за укинување на притворот.

Италијанската Влада инсистираше Робињо да ја отслужи казната во Бразил, бидејќи не успеа да издејствува негова екстрадиција.

Робињо зад себе остави успешна фудбалска кариера во која освои бројни трофеи. Одигра 100 натпревари за бразилската репрезентација од 2003 до 2017 година, постигна 28 голови и освои два трофеи во Купот на конфедерации, како и Копа Америка. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан