• петок, 28 јуни 2024

РК Еурофарм Пелистер подобар од Грундфос Татабања

РК Еурофарм Пелистер подобар од Грундфос Татабања

Битола, 11 февруари 2021 (МИА) - Ракометарите на Еурофарм Пелистер повторно го совладаа незгодниот унгарски претставник Грундофос Татабања во натпревар од Европската ракометна лига.

Битолчани вечерва го скршија отпорот на гостите дури во 52 минута кога првпат дојдоа во водство со 20:19, и тоа го задржаа до крајот на натпреварот совладувајќи го тимот на Грундфос Татабања со 24:21.

Најефикасен на мечот беше домашниот бек Стипе Мандалиниќ кој постигна 9 голови, додека пак кај гостите најмногу се истакна голманот Ласло Бартош чии 12 одбрани на голот сепак не беа доволни за успех на гостувањето во Битола.мт/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан