• понеделник, 23 декември 2024

РКЕ пред почетокот на грејната сезона ќе ја носи одлуката за цената на парното греење

РКЕ пред почетокот на грејната сезона ќе ја носи одлуката за цената на парното греење

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) – Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пред стартот на грејната сезона ќе ја носи одлуката за цената по која скопјани ќе ја плаќаат топлинската енергија.  

-Поднесените барања за цената се исклучително комплексни затоа што станува збор за година во која имавме миграција на лиценци и прогласена криза состојба. Дополнително цената на гасот драстично варира и предвидливост би била попрецизна кога одлуката би се донела пред грејната сезона, велат од РКЕ за МИА.

Регулаторната комисија за енергетика и водни  услуги (РКЕ) ги одзеде лиценците на трговците на големо: ПЕРТИНАКС ДООЕЛ Скопје во делот на вршење на енергетската дејност трговија на големо со

Нагласуваат дека е неопходно субвенциите да продолжат за да нема ценовен шок за потрошувачите. 

-Енергетскиот сектор по Ковид кризата и по енергетската криза треба да влезе во фаза на стабилизација. Неизвесноста се уште е присутна, но се следи состојбата, порачуваат од РКЕ.

Вообичаено РКЕ одлуката за цената на парното греење во Скопје ја носи до 1 август во тековната година.вј/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан