• петок, 22 ноември 2024

Ричардсон останува во Бостон до 2023 година

Ричардсон останува во Бостон до 2023 година
Бостон, 24 август 2021 (МИА) – Џош Ричардсон и Бостон селтикс се согласија на едногодишно продолжување на договорот. Според инсајдерот Шамс Чаранија, Бостон успеа да го обврзи кошаркарот на соработка до 2023 година. Во текот на следните две сезони, Ричардсон ќе заработи вкупно околу 24 милиони долари. За потсетување, ова лето Селтикс го добија Ричардсон од Далас маверикс во замена за центарот Мозес Браун. Во својата единствена сезона за Далас, 27-годишниот кошаркар одигра 59 натпревари од регуларната сезона и имаше просек од 12,1 поен, 3,3 скокови, 2,6 асистенции и 1,0 украдени топки за 30,3 минути, реализирајќи 42,7% удари од поле и 33 % за тројка. зс/

Остани поврзан