• понеделник, 23 декември 2024

Ристова: Ги намаливме цените на над 500 прехранбени производи, СДСМ го штити стандардот на народот

Ристова: Ги намаливме цените на над 500 прехранбени производи, СДСМ го штити стандардот на народот

Скопје, 21 септември 2023 

Со конкретни мерки и политики СДСМ го штити стандардот на граѓаните.

Цените на над 500 прехранбени производи, во 25 категории се веќе намалени.

Поевтинуваат лебот, млекото, јајцата, брашното, месото, оризот, сирењето, кашкавалот и многу други прехранбени производи.

Воведена е „гарантирана цена” со што за стотици најкористени производи цената се намалува за 10% во однос на цената по којашто се продавале на 1 август.

Кај дел од производите кај кои што е забележано енормно зголемување ќе има намалување на цените од 30% до 40%.

Согласно најавите, очекувано е понатаму и намалување на цените на пијалоците. Неколку наши домашни производители доброволно се вклучуваат во поддршка на мерката за „гарантирана цена“ со намалување на цените од минимум 10%.

Со оваа мерка обезбедуваме пристап до поповолни цени на прехранбените производи кои им се најпотребни на граѓаните.

Ова е конкретна мерка во насока да се заштити стандардот на граѓаните и има широк опфат. Дополнително ќе влијае и на намалување на инфлацијата.

СДСМ е на страната на граѓаните и останува посветена во заштита на животниот стандард.

 

Прес-конференција, Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан