• четврток, 21 ноември 2024

Ристески, Ангелова, Андоновски, на трибина „Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните“ на ВМРО - ДПМНЕ

Ристески, Ангелова, Андоновски, на трибина  „Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните“  на ВМРО - ДПМНЕ

Скопје, 11 јули 2023

 

Андоновски: Дрисла е јавно претпријатие на сите граѓани, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат НО и УО да покренат постапка против директорот на претпријатието

Не можам да си поверувам дека во третата дека од 21 век зборуваме за полни контејнери во Град Скопје и денеска е вторник и петти ден откако контејнерите се преполнети и истурени по улиците, вели Стефан Андоновски, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија насловена Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните.

Андоновски истакна дека денеска кога се движел низ славните градски улици забележал дека сепак ѓубрето не е исчистено од контејнерите и покрај тоа што во текот на вчерашниот ден било кажано дека булеварите се чисти и од денеска ќе се чистат споредните  улици.

Доаѓајќи наваму забележав на главните градски улици, не зборам за споредните улици затоа што тоа вчера беше кажано дека главните градски улици се чисти и сега се чистата споредните улици, тоа не точно бидејќи денеска поминував низ главните булевари во Скопје, нечистотијата е се уште присутна, рече тој.

Андоновски посочи дека градоначалничката Арсовска влегла во една клановска битка со политичка партија и во рамки на таа битка одлучила да брка луѓе од работа од Комуналната хигиена, укажувајќи дека тоа го направила после 2 години од нејзиното стапување на функцијата.

Градоначалничката Арсовска влезе во клановска битка со една политичка партија и во рамки на таа клановска битка таа се одлучи да брка луѓе од работа од Комунална хигиена. И внимавајте тоа не го направи пред 2 години кога дојде на функција, но таа чекаше една година прво со тогашниот директор па го разреши, па дојде директорката Мазнева и со нејзе 11 месеци чекаше да види дали овие луѓе биле во Германија или не биле, а во исто време треба да потсетам дека директорката во првите 2-3 недели од нејзиното функционирање имаше еден тек на непродолжување на договори на дело, затоа што повторни тезата беше овие луѓе не доаѓаат на работа и никој не ги видел, изјави Андоновски.

Андоновски  го искоментира блокирањето на општините Аеродром и Кисела Вода да го одложат сметот во депонијата Дрисла, потенцирајќи дека тоа јавно претпријатие е на сите граѓани и дека Арсовска намерно ја блокирала акцијата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се со цел да прикаже дека наводно таа го решава проблемот.

Ова затворање на депонијата Дрсла мене ми е очекувано, но мора да се има на ум дека таа депонија е на сите нас. Тоа е јавно претпријатие на сите нас, и додаде дека со тоа се блокирала акцијата на градоначалниците. Јас проверував дали депонијата Дрисла има работно време, но тие работат 24 часа и може во било кое време да се јавите и да одложите отпад. И со тоа се блокираше акцијата на градоначалниците. Зошто? За да може градоначалничката да се размавне и да покаже дека таа го решава проблемот. Тоа беше многу интересно во 2 часот ноќта таа го решаваше проблемот на следниот начин, багер земен од ЈП Улици и Патишта, ги буткаше контејнерите на улица, поминува друг багер ги собира и ги товара во камиони на ЈП Водовод и канализација за пота замислете апсурдот да биде најголем пратена е Пожарна да ги мијат улиците. Значи пожарникари го миеја улиците од расфрланото ѓубре од страна на градот, кажа Андоновски.

Како што најави Андоновски на следната седница како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе побара од надзорните и управните одбори на ЈП Дрисла да покрене постапка против директорот, како и јавното претпријатие Комунална хигиена да достави извештај за работењето за да се виде кои и колку вработени не оделе на работа.

На следната седница на советот на Град Скопје ќе побарам од Надзорните и Управните одбори да покренат постапка против директорот на ЈП Дрисла, ја имаат таа надлежност и во исто време ќе побара од Надзорниот и Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена да достави извештај за работењето и да видиме кои и колку се тие вработени кои што не оделе на работа, заклучи Андоновски.

Ангелова: Град Скопје е во целосна нефункционалност и наместо реализација на проекти секојдневно гледаме скандали


Градот Скопје е во целосна нефункционалност и наместо реализација на оние проекти којшто беа ветено во програмата ние гледаме секојдневно скандали и нови ескалации во Градот и во сите јавни претпријатија, истакна советничката во Град Скопје, Емилија Ангелова на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните“.

„Имавме многу голем штрајк во ЈСП, граѓаните не можеа да стигнат на своите работни места  заради тоа што беше целосно блокиран јавниот превоз и овде освен празни флоскули и обвинувања како што умее да направи градоначалничката не видовме никаква реализација на ветените барања од превозниците. Градот беше целосно блокиран, граѓаните остнаа без јавниот превоз и можеме да кажеме дека навистина се одрази на нивното секојдневно живеење и егзистирање во градот. Имавме протест на спортските клубови во Ѓорче Петров со години користени спортски сали, нешто за кое во програмата рековме дека ќе се обврзе градоначалничката да се развива спортскиот дух на младите и на децата, но во момент беше сето тоа заборавено, стопирано, штрајкуваа спортските клубови затоа што им беа одземени салите за коишто прописно си плаќаа надомест и воопшто немаа никаква вина за одземањето на салите. Веројатно беше тоа само хир и каприц на градоначалничката како и секојдневно што тоа го гледаме“, потенцираше Ангелова.

Таа додаде дека ситуацијата кулминираше и во Комунална хигиена каде доколку не беа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои веднаш се организираа за собирање на сметот последиците можеа да бидат многу поголеми.

„Кулминира протестот со „Комунална хигиена“ и да не беа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ сметам дека навистина ќе се предизвикаше голем здравствен проблем. Веднаш се одзваа и во интерес на граѓаните и впрочем во интерес на оние коишто ги изгласаа, заради кои што постојат градоначалниците, излегоа на терен, го собраа сметот со помош на механизација и човечки ресурси од други општини. Се до оној момент додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не излегоа со конкретни решенија за решавање на проблемот со сметот не беше повикан кризниот штаб и мислам дека ќе се продлабочуваше уште повеќе проблемот, меѓутоа откако сето тоа се случи благодарение на нашите градоначалници почна да се движи 1%, не повеќе од тоа. Иако гледаме по медиуми објавува некоја победа, не знаеме врз што е победата, заради тоа што граѓаните ја избраа нејзе и нас како легитимни советници за да работиме во нивен интерес и тука нема остварување на победи, туку има реализација на проекти во интерес на граѓаните“, рече Ангелова и додаде:
„Сметам дека голема нефункционалност постои во однос и на оној момент што во една ипол година 32 директори да бидат променети тоа значи дека или недоволна изменаџираност со човечки ресурски, недоволно добро избирање на директори коишто не знаат да си ги извршат своите работни задачи“.

Ристески:Комуналната хигиена треба да биде приоритет, граѓаните очекуваат работа, а не несоодветен вокабулар како на Арсовска

 

Марјан Ристески, претседател на Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ  на денешната трибина насловена „Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните“ која е во рамките акцијата „Пораки од реалниот живот - Ова е Македонија за сите“ зборуваше за градот Скопје и градоначалничката Арсовска каде јасно потенцираше дека недопусливо е ова што му се случува на градот поради неспособноста на градоначалничката Арсовска.

-Никако не е допусливо за еден градоначалник посебно градоначалник на главниот град на Република Македонија, градот Скопје да му се случува она што се случува деновови со расфрленото ѓубре. Она што го гледавме овие неколку дена по медиумите со расфрлано ѓубре околу контејнери, тоа не смее да си го дозволи ни еден менаџер, не само со град Скопје туку и со ниедна општина во Република Македонија бидејќи секогаш треба да биде приоритет граѓаните, подобрувањето на условите за живот треба да се приоритет на секој граѓанин, а не усложување на ситуациите и загрозување како што беше случајот на здравјето на  граѓаните посебно во овие летни горештини кога температурите се над 30 степени. Расфрлањето на ѓубрето околу контејнери насекаде по јавните површини без да има инцијатива од страна на комуналното претпријатие и градот да биде собрано истото и да биде депонирано таму каде што му е местотото,  а тоа е депонијата Дрисла, е недопусливо пред се поради не само создавање на комуналниот отпад и комунален неред и сликата на градот пред се поради појава на заразни болести и не дај боже појава на епидемија.  Тогаш тука се поставува прашањето кој би ја презел одговорноста за сето тоа ако не градоначалникот на градот под чија надлежност се јавните претпријатија Комунална хигиена и секако јавното претпријатие Дрисла, рече Ристески.

Тој во текот на своето обраќање укажа дека градоначалничката Арсовска своето неработење го прикрива со тоа што таа се испокара со сите и тоа нејзино однесување е недопусливо за функцијата која таа ја извршува.

-Комуналната хигиена треба да биде приоритет, но гледаме дека дека секогаш кога се создаваат проблем во град Скопје некако навикнавме во овој период, навикнавме на секоја недела или месец да имаме по некој невиден циркус кој се случува во градот и секогаш вината со прст се покажува на други луѓе. Јас не знам да градоначалничката госпоѓа Аровска да се нема испокарано со некој до сега.Арсовска се искара со советниците, се скара со политичките партии, се скара со медиумите, со директорите на јавни претпријатија и секогаш својата неспобност за раководење, менаџирање  ја префрла на други лица. Таа многу често користи несоодветен вокабулар што не би одговарало на една личноста која е 3 или 4 по ред функција во државата, тоа е градоначалник на Град Скопје и според мене тоа е недопусливо, кажа тој.

Ристески во врска со неработењето на Арсовска ја спомена и последната анкета на ИРИ која јасно покажува дека скопјани се незадоволни од нејзиното работење и според него тоа е еден фрапантен податок за еден градоначалник кој го реализира својот прв мандат.

-Сето ова се одразува на скопјани, не се задоволни од ова две годишно управување со градот Скопје и тоа го покажуваат и последните анкети на ИРИ. Знаеме дека првите две години секој градоналник се труди со ентузијазам, со знаење, со добар тим, со програмата која ја ветил  што повеќе да реализира проекти со цел да остави нормално добар впечаток кај граѓаните и нормално тоа што ветил да реализра. Овдека освен вакви прес конференции, напади немаме ништо конретно видено во овие две години и тоа граѓаните го препознаваат и затоа е и таква анектата каде граѓаните преку 50 проценти се незадоволни од нејзиното работење, а еден мал процент некаде под 20 проценти се делумно задоволни од нејзиното работење. Тоа е еден фрапантен податок за еден градоначалник  кој го реализира својот прв мандат во првите две години да има поразителни бројки, да е некој фер и коректен спрема граѓаните би се погледнал во огледало и би рекол јас ќе си дадам  функцијата и ќе го отташам на некој способен да го води градот, кажа тој.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото:МИА

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан