• понеделник, 23 декември 2024

РИК на Србија: Има процедури во случај на дојави за бомби во училиштата - избирачки места

РИК на Србија: Има процедури во случај на дојави за бомби во училиштата - избирачки места

Белград, 11 декември 2023 (МИА)- Членовите на Републичката изборна комисија (РИК) од коалицијата „Србија против насилството“ денеска побараа да се закаже итна седница на РИК со цел да се отстранат сомнежите за регуларност на изборите поради забележана повреда на изборна процедура, јави дописникот на МИА од Белград

Бидејќи не е исклучена можноста на денот на изборите да има дојави за бомби во училиштата каде се гласа, членовите на изборните комисии од опозицијата велат дека ќе инсистираат гласањето да продолжи, откако полицијата ќе го заврши својот дел од работата. Тврдат дека нема да дозволат ваквите случаи да доведат до траен прекин на гласањето.

-Во зависност од тоа дали има такви дојави треба да се известат локалната изборна комисија и МВР, гласањето секако да биде прекинато. Секое прекинување на гласањето кое ќе трае до еден час нема да влијае на продолжување на процесот на гласање, изборите ќе завршат тој ден на тоа место до 20 часот, како што е пропишано, а доколку доцнењето е подолго од еден час, откако органите на МВР ќе дадат зелено светло за продолжување на гласањето, за онолку време колку гласањето е прекинато, за тоа време ќе се продолжи по 20 часот. Тоа е наједноставниот начин. Засега нема конкретни најави дека тоа може да биде поширок проблем, но сигурно има процедури и за таа состојба, изјави Владимир Драгаш, член на РИК.

Танасије Маринковиќ, член на РИК и професор на Правниот факултет на Универзитетот во Белград, посочи на „фалсификување на потписите на граѓаните за поддршка и нивно преселување заради гласање“.

Тој изјави дека со овој повик за итна седница му се дава можност на мнозинството во РИК да покаже независност во своето дејствување, наведувајќи дека очекува нивна реакција која досега била главно негативна.

Според Владимир Драгаш, член на РИК, просториите во кои ќе се гласа треба да бидат уредени така што „уценетите лица да не можат да фотографираат како гласале“, како доказ кого го заокружиле на гласачкото ливче. об/сд/

Остани поврзан