• сабота, 06 јули 2024

Рикардо потпиша за Мекларен

Рикардо потпиша за Мекларен
Берлин, 14 мај 2020 (МИА) - Пилотот на Рено, Даниел Рикардо, ќе ја продолжи кариерата во Мекларен. Според „Мотоспорт- Тотал“ повикувајќи се на свои извори, Рикардо потпиша договор со британскиот тим од Формула 1 шампионатот и ќе го замени Карлос Саинц во 2021 година. Неколку извори претходно објавија за наводен трансфер на Себастијан Фетел во Мекларен, но овие информации, најверојатно не биле вистинити. Според германското издание, вчера претпладне, Рикардо го известил раководството на Рено дека нема да го обнови договорот со тимот, кој истекува на крајот на оваа година. Се очекува трансферот во Мекларен да биде официјално објавен во текот на денешниот ден. зс/

Остани поврзан