• недела, 30 јуни 2024

Рикардо го искористи судирот на Хамилтон и Верстапен и ја освои Големата награда на Италија

Рикардо го искористи судирот на Хамилтон и Верстапен и ја освои Големата награда на Италија
Монца, 12 септември 2021 (МИА) - Пилотот на Мекларен, Даниел Рикардо е победник на трката од Формула 1 шампионатот возена попладнево за Големата награда на Италија. Вториот беше неговиот клупски партнер Ландо Норис, додека трет е пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас. Бодови во Монца освоија и Шарл Леклер, Серхио Перез, Карлос Сајнц, Ленс Строл, Фернандо Алонсо, Џорџ Расел и Естебан Окон (од 4. до 10. место редоследно). Лидерите во шампионатот Макс Верстапен од Ред Бул и Луис Хамилтон од Мерцедес излетаа од патеката откако се судрија еден со друг и не беа во можност да ја завршат трката. Несреќата се случи на вториот свиок. Верстапен и Хамилтон се бореа за подобра позиција. Според достапните информации, возачите не се повредени. За Рикардо ова е прв триумф од 2018 година кога победи на трката за ГН на Монако. зс/

Остани поврзан