• вторник, 19 ноември 2024

Рига повторно домаќин на македонските кошаркарки во Евро-квалификациите

Рига повторно домаќин на македонските кошаркарки во Евро-квалификациите
Скопје, 4 декември 2020 (МИА) – Летонската престолнина Рига ќе биде домаќин и на вториот квалификациски турнир во И-групата за пласман на Европското првенство 2021, во која противници на македонската женска кошаркарска репрезентација покрај домаќинот се Хрватска и Германија. Своите квалификациски натпревари, македонските кошаркарки ќе ги играат во периодот од 31. јануари до 7. февруари во салата на Олимписки спортови во Рига. Избраничките на селекторот Владимир Ѓоровиќ во ноемврискиот квалификациски циклус во Рига претрпеа порази против Хрватска и Германија, но пружија силен отпор против фаворитската двојка.ег/мд/

Остани поврзан