• сабота, 23 ноември 2024

Реџепи: Мирен, со чиста совест самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на владата

Реџепи: Мирен, со чиста совест самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на владата
Скопје, 15 ноември 2021 (МИА) - Мирен со чиста совест и сигурен дека нема поголема доблест да избереш својата земја да ја водиш на патот на заедништвото, патот на НАТО и ЕУ. Во интерес на својата земја самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на владата со цел земјата да не замине по патот на назад, изјави денеска претеникот Кастриот Реџепи. Реџепи, на прес-конференција со Собранието, им честита на сите граѓани за тоа што, како што рече, земјата уште еднаш го избрала вистинскиот, западниот пат по кој оди. - Се надевам дека во деновите кои следат разумот ќе надвладее. Верувам дека се можни мостови и јас верувам дека ќе бидам еден од тие мостови. Сега е потребно решавање на проблемите на државата, порача Реџепи. Нагласувајќи дека е сојузник на своите граѓани, и на Албанците и на Македноците и сите кои гледаат напред, Реџепи, рече дека одлуката ја донел во интерес на евроинтеграциите на земјата и дека совеста му велела дека „некој мора да биде тој што ќе пресече во корист на иднината, и овојпат тоа си ти“. аа/са/      

Остани поврзан