Реџепи и Малинов на средба за продлабочување на соработката на државните оператори за гас
- Извршните директори Национални енергетски ерсурси (НЕР) АД Скопје Бајрам Реџепи и на Булгартрансгаз Владимир Малинов вчера на работна средба во Скопје дискутирале за можностите за продлабочу
Скопје, 19 јануари 2022 (МИА) - Извршните директори на Национални енергетски ерсурси (НЕР) АД Скопје Бајрам Реџепи и на Булгартрансгаз Владимир Малинов вчера на работна средба во Скопје дискутирале за можностите за продлабочување на соработката меѓу државните оператори за пренос на природен гас, како и за развојот на регионалниот пазар на природен гас, соопштија од НЕР АД Скопје.
Оттаму истакнуваат дека дел од идните предизвици помеѓу двата државни оператори се изградбата на втор интерконектор меѓу Струмица и Петрич, зголемување на сегашните погранични капацитети и партнерството во изградбата на LNG- терминалот во Александрополис.
-Во овие пријателски разговори заедничкиот заклучок е да изградиме што повеќе мостови за соработка и колку што е можно повеќе да ги минимизираме бариерите помеѓу нас, наведуваат од НЕР АД Скопје.лв/цр