Речиси 800.000 луѓе евакуирани во Бангладеш пред пристигнувањето на циклонот
- Во Бангладеш речиси 800.000 луѓе се евакуирани од загрозените подрачја пред пристигнувањето на силниот циклон што се формираше над Бенгалскиот залив, соопшти Министерството за вонредни ситуации на земјата.
Дака, 26 мај 2024 (МИА) - Во Бангладеш речиси 800.000 луѓе се евакуирани од загрозените подрачја пред пристигнувањето на силниот циклон што се формираше над Бенгалскиот залив, соопшти Министерството за вонредни ситуации на земјата.
Жителите на крајбрежниот дел на Бангладеш се евакуирани во 4.000 засолништа, а поради претстојното невреме затворени се сите училишта во регионот.
Невремето се очекува доцна вечерва да го опфати Бангладеш и брегот на Западен Бенгал на Индија. паг/
Фото: Индиски метеоролошки завод