• понеделник, 23 декември 2024

Речиси 30 училишта во Белгија денеска ќе бидат затворени поради закани за бомби

Речиси 30 училишта во Белгија денеска ќе бидат затворени поради закани за бомби

Брисел, 27 ноември 2023 (МИА) - Десетици белгиски училишта во окрузите Брисел и Брабант денеска нема да отворат за ученици поради закана за бомба испратена доцна синоќа, соопшти образовната управа на Валонија-Брисел на својата веб-страница.

Властите одлучија да останат затворени 27 училишта, „строго почитувајќи го принципот на претпазливост“.

Во моментов се спроведува инспекциа од полиција. Дополнителни информации се очекуваат во текот на денешниот ден. ссм/

фото: архива

Остани поврзан