• сабота, 23 ноември 2024

Речиси половина од рибарите во ЕУ заработуваат помалку од минималната плата

Речиси половина од рибарите во ЕУ заработуваат помалку од минималната плата
Женева, 27 јули 2021 (МИА) - Според пријавените податоци, голем број рибари во Европска Унија, поточно 43 проценти, заработиле помалку од националната минимална плата во 2018 година, а меѓу оние кои работат на пловни објекти помали од 12 метри, дури 70 проценти, покажува истражување на Светската фондација за природа (WWF). Директорката на Канцеларијата за поморска политика во европскиот огранок на Фондацијата, Антонија Лерој, изјави дека многу рибари работат за многу ниски плати, во индустријата што едвај е финансиски исплатлива и често е од другата страна на законот. - Тоа мора да престане. ЕУ мора да ја заснова својата политика за риболов врз подобро разбирање на повраноста помеѓу условите за работа и финансиската стабилност и одржливоста на животната средина. На луѓето им треба чесна работа, која е истовремено е и еколошки одржлива, посочи Лерој. Пристоен животен стандард е само една од задолжителните социоекономски цели на Заедничката риболовна политика на ЕУ, за што студијата покажа дека често не се спроведува во пракса. Посебно загрижува откритието дека од 2012 до 2018 година, 15 флоти на земји-членки забележале негативна нето добивка. Иако е вообичаено за деловните субјекти понекогаш да доживеат загуби, најверојатно нема да продолжат да работат со таквите загуби. Исто така, 19 пловни објекти на ЕУ се вклучени во илегални риболовни активности надвор од водите на ЕУ, од кои 11 се од Шпанија, што покажува потреба од зајакнати контролни мерки и воспоставување систем за национални санкции. ми/

Остани поврзан