• понеделник, 23 декември 2024

Ретклиф платил сериозно обештетување во име на промените во Манчестер Јунајтед

Ретклиф платил сериозно обештетување во име на промените во Манчестер Јунајтед

Манчестер, 15 март 2024 (МИА) - Новиот косопственик на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, платил 5,5 милиони фунти како обештетување на поранешниот извршен директор на клубот, Ричард Арнолд.

Разделбата со вториот беше еден од првите потези на новите власти на патот кон големи промени на „Олд Трафорд“. Уште во декември, кога беше јасно дека ИНЕОС влегува во Манчестер Јунајтед, иако зделката се уште не беше официјално објавена, Арнолд најави дека ќе си замине по 16 години минати во клубот.

Според податоците од привремениот финансиски извештај на Јунајтед, на Арнолд му биле исплатени 5.529.000 фунти како компензација, објави „Тајмс“.

Клубот веќе објави кој ќе ја преземе улогата на Арнолд. Се работи за поранешниот шеф на фудбалските операции на Манчестер Сити, Омар Берада. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан