Републичкото Здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ“ со поддршка за Шилегов
- Скопје, 28 октомври 2021
Скопје, 28 октомври 2021
Републичкото Здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија Т’га за југ од Скопје која брои 7.800 членови, ќе даде поддршка за кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов како негов член.
За првпат од 1988 година споменикот на Децата бегалци во Жена борец, Градот Скопје го зеде под своја закрила и грижа, каде денес се одржуваат голем број манифестации.
Благодарение на градоначалникот Шилегов, организирани и реализирани се голем број манифестации како што се одбележувањето на 70 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција, 35 години Републичко здружение на децата бегалци, Меѓународна научна конференција на која учествуваа историчари од цел свет на тема „70 години од завршувањето на Граѓанската војна“, проектот „Младите креатори на нашата иднина“.
Петре Шилегов со финансиска помош го поддржа и проектот „Младите креатори на нашата иднина“, на кој учествуваа 360 ученици од целата држава и со негова лична парична помош издадени се две книги со песни и раскази под наслов „Болката на незаборавот“ и ЦД со песни испеани изминативе 30 години на Фестивалот Гоце Фест.
Републичкото здружение Т’га за југ од Скопје ги повикува своите членови во недела да му ја дадат својата поддршка на Петре Шилегов кој е исто така по потекло од Егејскиот дел на Македонија и е член на нашето здружение.
РЕПУБЛИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ „Т'ГА ЗА ЈУГ“
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.