• сабота, 23 ноември 2024

Република Северна Македонија треба да има сигурна европска перспектива, порача германскиот канцелар Олаф Шолц

Република Северна Македонија треба да има сигурна европска перспектива, порача германскиот канцелар Олаф Шолц
Софија, 11 јуни 2022 (БТА/МИА) - Република Северна Македонија треба да има сигурна европска перспектива. Го поддржувам тоа што Северна Макеоднија треба да ги исполни сите услови за да започне преговори за членство во Европската Унија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на денешната прес-конференција со Министерскиот совет на Бугарија. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. Во Министерскиот совет, премиерот Кирил Петков и канцеларот Олаф Шолц денеска остварија средба лице в лице, а потоа и пленарна седница заедно со двете делегации. На прес-конференцијата Петков посочи дека јасно го кажал ставот на Бугарија за работите што треба да се направат за да биде тргнато бугарското вето. Според него, и бугарската и германската Влада ќе продолжат со работа во оваа насока. Шолц порача дека има големо заедничко разбирање за тоа каков треба да биде исходот, проблемот е како ќе се постигне овој резултат. -Никогаш не се знае како ќе биде крајот на крајот, но сите работат напорно, рече канцеларот. Тој изрази оптимизам, дека ќе се постигне напредок. „Вреди да се трудиме за да постигнеме резултат“, порача Шолц. БТА ____________________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан