• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Репрезентативките до 19 на квалификациски турнир во Хрватска

Репрезентативките до 19 на квалификациски турнир во Хрватска

Лучко, 28 март 2025 (МИА) - Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 1 до 7 април ќе учествува на квалификацискиот турнир од Б лигата (рунда 2) за пласман во А лигата на квалификации за Европско првенство.

Домаќин на квалификацискиот турнир ќе биде селекцијата на Хрватска. Во групата Б5, покрај Македонија и домаќинот Хрватска, се наоѓаат и репрезентациите на Ерменија и Литванија.

Во првото коло, кое на програмата е на 1. април, нашите млади фудбалерки ќе се соочат со селекцијата на Литванија. Натпреварот ќе се одигра на стадионот Лучко, со почеток во 16:30 часот.

На 4. април, во рамките на второто коло од турнирот, Македонија ќе игра против Ерменија, со почеток во 16:30, на стадионот Лучко.

Во последното коло, нашата селекција ќе игра против домаќинот Хрватска. Овој натпревар ќе се одигра на 7. април со почеток во 12:30 часот, на стадионот Карловац. дс

Фото: ФФМ

 

Остани поврзан