• понеделник, 04 ноември 2024

Репрезентативката Парулеска прогласена за најдобра кадетка на Европскиот шампионат во традиционално таеквондо

Репрезентативката Парулеска прогласена за најдобра кадетка на Европскиот шампионат во традиционално таеквондо

Охрид, 23 април 2023 (МИА) – Македонската репрезентативка во традиционално таеквoндо, Христијана Парулеска од Охрид, прогласена за најдобра кадетка на Европското првенство што се одржува во италијанското летувалиште Јесоло.

Државната првенка Парулеска со освоени две медали, златна во борба и сребрена во категоријата борба со замислен противник, го достигна европскиот трон, за што на посебна церемонија денеска и беше врачен пехар, прва таква награда што македонски спортист ја освоил во поединечна конкуренција на Европски шампионат.

Пехарот и го врачи Руџиеро Ланоте, организаторот на Европското првенство и претседател на Италијанската теквондо федерација, а честитки за престижната награда Парулеска доби и од претседателот на Европската федерација – ЕИТФ, како и сите останати присутни членови на Интернационалната теквондо федерација.

Успехот на младата охриѓанка е дотолку поголем што медалите и европската титутла се освоени во силна конкуренција репрезентативци од 27 држави од контитентот. аб/

Фото: МТФ

 

 

Остани поврзан