• сабота, 06 јули 2024

Репрезентативецот Кире Маркоси ја засилува Шкендија

Репрезентативецот Кире Маркоси ја засилува Шкендија

Тетово, 21 јануари 2022 (МИА) - ФК Шкендија соопшти дека постигна договор со крилниот напаѓач Кире Маркоски, кој ќе биде петто засилување за тетовскиот клуб. 26-годишниот Маркоски потпишал договор со времетраење од 1,5 година.

-Желбата на секој играч кој настапува во домашниот шампионат е еден ден да биде дел од Шкендија. Среќен сум што денеска потпишувам со Шкендија, бидејќи Шкендија создава многу силен тим кој има за цел да ја освои титулата шампион и да ги бележи следните успеси во европските натпреварувања. Мислам дека во Шкендија ќе можам уште повеќе да се развивам како фудбалер. Едвај чекам да почне првенството за да го дадам максимумот и заедно со соиграчите да го постигнеме следниот успех за Шкендија, изјави Маркоски, кој веднаш по потпишувањето на договорот се приклучил на тимот во тренинг кампот во Анталија, Турција.

Кире Маркоски е роден во Охрид. Во есенската полусезона беше дел од Шкупи, додека во професионалната кариера настапувал и во Работнички, АЕЛ Лимасол, Спартак Трнава и Академија Пандев. ас/мд/

Остани поврзан