• вторник, 06 август 2024

Реновирани четири занимални во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2

Реновирани четири занимални во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Во градинката „Мајски цвет“, клон Јасмин, во Тафталиџе 2 беа пуштени во употреба четири реновирани занимални кои пред два месеци беа оштетени, откако падна дел од плафонот. - Во градинката „Мајски цвет“ беше неопходно да се заменат сите гипс картон табли на плафоните во занималните. Сакам да изразам благодарност на Кнауф кој ни даде и стручна поддршка и поддршка во материјал... Со ова, се надевам дека нашите најмлади ќе бидат безбедни и нема да ни се случи повторно она што ни се случи - да падне дел од плафонот, изјави градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски Во исто време, како што истакна, директорката и сите други директори добиле налог четири пати годишно да ги проверуваат олуците, да ги чистат, за да не се запушуваат за потоа водата да не би се прелевала за да немаме вакви несакани последици, затоа што претставуваат опасност по животот и здравјето на децата згрижени во предучилишна возраст.дма/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан