• четврток, 04 јули 2024

Реновирани целосно неупотребливи училници во ООУ „Ѓоргија Пулевски“

Реновирани целосно неупотребливи училници во ООУ „Ѓоргија Пулевски“
Скопје, 15 март 2021 (МИА) - Во ООУ „Ѓоргија Пулевски“ во Општина Аеродром целосно се обновени неколку училници. Училниците, кои 15 години не се во употреба, деновиве Општина Аеродром прв пат целосно ги реновира од кога е изградено училиштето и наскоро ќе бидат приспособени за настава. Тие добија нов под, обновени ѕидови, сосема ново осветлување, како и нови прозорци и врати. Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин денеска изврши увид во реновирањето на училниците. -Многу е важно да обезбедуваме подобри услови за учениците и да овозможуваме непречено следење на наставата, истакна градоначалникот Марин. Тој посочи дека во изминатите години редовно се реновираат сите основни училишта, а од неодамна почна изградбата на четири нови училници во ООУ „Лазо Ангеловски“, со што ќе се овозможи укинување на третата смена. Од Општина Аеродром информираат дека со предвиденото темпо се одвива и изградбата на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче. мд/дма/

Остани поврзан