• петок, 22 ноември 2024

Реновирана железничката станица во Тетово

Реновирана железничката станица во Тетово
Тетово, 2 ноември 2020 (МИА) - Заврши неколкумесечната реконструкција на железничката станица во Тетово. Реновираните простории во употреба ги пушти директорот на јавното претријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“– Скопје, Фестим Халили. -Реновирана е железничката станица во Тетово која инаку е изградена 1952 година и од тогаш само еднаш е интервенирано во делот на покривот на станицата. Во проектот за реновирање се опфатени низа градежни интервенции, почнувајќи од долгогодишниот проблем со атмосферска канализација, асфалтиран е целиот паркинг простор, овозможен пристап за лица со посебни потреби, променет е целиот покрив и има нова фасада која има поефикасна енергетска ефикасност. Во однос на станичните колосеци реновиран е и перонот и овозможен пристап за лица со посебни потреби и чистење на станични колосеци. Дополна на толчаник како и промена на дотраени дрвени прагови. Проектот не застанува тука, наредната година паркот на станицата каде ќе биде отворен и за сите граѓани, изјави директорот Фестим Алили. На новинарските прашања дали ќе има повеќе од само две линии кои се движат од Тетово кон Скопје и Кичево, Алили со одговор дека се размислува за такво нешто. -Ние сме побарале од јавното претријатие за транспорт во железницата заеднички да најдеме решение да се зголеми бројот на возови што одат во овој дел. Тоа има и финансиска имликација за ЈП Македонски Железници-Транспорт па така да ќе треба со нив да соработуваме, рече Алили. За вработените во желеничкиот превоз се уште предизвик е несовесноста на граѓаните кои не застануваат на рампите на железничките пруги. -Работам 36 години во железници и морам да укажам на тоа дека треба да се почитуваат знаците на рампите.  Не застануваат луѓето на рампите и така возиме под стрес. Ако нема сигнализација сите се должни да застанат на Стоп знак и на Андреев крст да видат лево и десно дали има воз па потоа да поминат, изјави Ќамил Ќаили, машиновозач. Железничката станица во Тетово е изградена 1952 година заедно со тогашното поставување на нова железничка пруга од Скопје преку Тетово и Гостивар до Кичево. ас/аа/

Остани поврзан