• недела, 22 декември 2024

Релиќ освои бронзен медал на Г1 турнир во Загреб

Релиќ освои бронзен медал на Г1 турнир во Загреб

Загреб, 18 ноември 2024 (МИА) - Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Релиќ, викендов во Загреб освои бронзен медал. 

На меѓународен натпревар од светските Г1 турнири во Загреб, Релиќ поради доброто рангирање во првото коло беше слободна. Потоа, во наредното второ коло ја победи Американката Хлое Чуа со 2:0 во рунди. Исто така, во борбата за медал, во нерешена борба и со одлука на судиите, Релиќ ја совлада и Србинката Надја Савковиќ со скор 2:1. Во досегашните натпревари, Савковиќ извојувала три победи над нашата олимпијка.

Во полуфиналето во Загреб, Релиќ изгуби од шпанката Арлет Ортиз Бените.

Ново освоените поени се дел од светската и олимписката ранг-листа како увертира за норма за Олимписките игри Лос Анџелес 2028 година. зс/

Фото: ТФМ

Остани поврзан