Релево: Анчелоти е подготвен да ја води бразилската репрезентација доколку добие отказ од Реал
- Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја разгледува опцијата да работи со бразилската репрезентација

Мадрид, 6 април 2025 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја разгледува опцијата да работи со бразилската репрезентација.
Според „Relevo“, 65-годишниот стручњак не сака да го напушти шпанскиот клуб до крајот на договорот во 2026 година. Сепак, доколку добие отказ на крајот од оваа сезона, тој е подготвен да ја води бразилската репрезентација.
Забележано е дека многу играчи на бразилската репрезентација сакаат да го видат Анчелоти како селектор. Конкретно, позитивни за неговата кандидатура се Алисон, Маркињос, Данило, Винисиус, Родриго Гоес, Едер Милитао и Ендриќ.
На крајот на март, Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) го отпушти Доривал Јуниор, кој ја водеше бразилската репрезентација од јануари 2024 година. зс/
Фото: ЕПА