• вторник, 05 ноември 2024

РЕК Битола стави во функција два блока и испорачува електрична енергија

РЕК Битола стави во функција два блока и испорачува електрична енергија

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - РЕК Битола стави во функција два блока и испорачува електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем, соопшти АД ЕСМ, Подружница РЕК „Битола". Како што наведува, Блок 1 е ставен во функција во 11:45 часот денеска, а претходно, за време на викендот, на мрежа беше и Блок 3.

Блок 1 на РЕК Битола беше надвор од функција од петокот поради испадот на 110 киловолтната собирница на МЕПСО. Поради прекинот во напојувањето, одложени беа и операциите за пуштање во финкција на Блок 3.

-И покрај проблемите што ги предизвика испадот, стручни лица на РЕК Битола во рекордно време ги оспособија постројките за работи и комбинатот од денес произведува струја од два блока, наведува ЕСМ. 

Ремонтините активности на Блок 2 на РЕК Битола продолжуваат согласно предвидената динамика. мч/са/

фото: МИА архива

Остани поврзан