• петок, 28 јуни 2024

Рекорден број новозаразени со Ковид-19 во Франција од укинувањето на блокадата

Рекорден број новозаразени со Ковид-19 во Франција од укинувањето на блокадата
Париз, 7 август 2020 (МИА) – Бројот на новозаразени со коронавирусот во Франција денеска се зголеми за 2.288, што е нов рекорд по укинувањето на рестриктивните мерки, соопшти француското Министерство за здравство. Вкупниот број на заразени со Ковид-19 во земјата сега изнесува 197.921. Во последното деноноќие починале уште 12 лица, што е исто така повеќе од вчера, кога имаше седум смртни случаи, а во средата девет. Вкупниот број на починати од Ковид-19 во Франција изнесува 30.324. јт/

Остани поврзан