• вторник, 05 ноември 2024

Рекорден број милионери би можеле годинава да ја напуштат Велика Британија

Рекорден број милионери би можеле годинава да ја напуштат Велика Британија

Лондон, 18 јуни 2024 (МИА) - Околу 9.500 Британци би можеле да ја напуштат земјата поради политички превирања, со ликвиден имот во вредност од најмалку милион долари, што е повеќе од двојно до 2023 година, изјави денеска советникот за миграција на компанијата „Хенли и партнерс“, Хана Вајт. 

Рекорден број милионери оваа година би можеле да ја напуштат Велика Британија поради политичките превирања и можноста за зголемување на даноците под евентуалната идна лабуристичка влада, објави Си-Ен-Ен.

Исходот од предвремените парламентарни избори во Велика Британија, што ќе се одржат на 4 јули, на тој начин може да го загрози статусот на земјата како една од најпопуларните дестинации за богатите.

Вајт во својот извештај наведува дека има многу фактори кои ја прават Велика Британија помалку привлечна за богатите.

„Шокот од Брегзит се уште се чувствува, а Лондон повеќе не се смета за финансиски центар на светот“, нагласи таа.

Си-Ен-Ен забележува дека 16.500 милионери ја напуштиле Велика Британија меѓу 2017 и 2023 година. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан