• петок, 05 декември 2025

Реконструкција на четири улици во Населба Лисиче

Реконструкција на четири улици во Населба Лисиче

Скопје, 10 јуни 2025 (МИА) - В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со стручни екипи од Општината денеска изврши увид во реконструкцијата на улиците „Димитар Македонски“ и „Лавчанска корија“, а наскоро ќе почне обновување и на улиците „Ернест Телман“ и крак од „Арх. Сотир Томовски“ во населбата Лисиче.

Како што информираат од Општина Аеродром, вкупната должина на улиците изнесува 1.200 метри, односно 7.250 м2 асфалт и нови тротоари во површина од 3.250 м2. Вредноста на проектот, кој е поддржан од Владата, изнесува 39 милиони денари.

-Со оваа инвестиција значително ќе се подобри инфраструктурата, безбедноста и квалитетот на животот на жителите на Лисиче. Продолжуваме со одговорна и темелна работа за поквалитетни услови за живот во секој дел од општината, се вели во денешното соопштение од Општина Аеродром. сст/дма/


Фото: Општина Аеродром

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан