• вторник, 23 јули 2024

Реконструкција на ООУ „Сабедин Бајрами“ во Камењане, инвестиција на МОН од 21,8 милиони денари

Реконструкција на ООУ „Сабедин Бајрами“ во Камењане, инвестиција на МОН од 21,8 милиони денари
Скопје, 19 август 2002 (МИА) - Во ООУ „ Сабедин Бајрами" во село Камењане, општина Боговиње, во тек е реконструкција на санитарии и покрив и поставување нова фасада што ќе биде енергетски ефикасна. Инвестицијата е на  Министерството за образование и наука, во вредност од 21,8 милиони денари. МОН соопшти дека во рамки на градежните работи, училиштето ќе добие и пристапна рампа, со што децата со посебни потреби ќе добијат можност да се движат без туѓа помош. - Министерството за образование и наука континуирано го поткрева нивото на инклузивност на образовниот систем, затоа што секое дете има право на образование без дискриминација. МОН континуирано инвестира во образовна инфраструктура. Обезбедувањето добри услови за одвивање на воспитно-образовниот процес влијае врз квалитетот на образованието, информира МОН. хс/са/          

Остани поврзан