• понеделник, 23 декември 2024

Реконструкција на објектите на Здравствениот дом Крива Паланка, матична служба и амбуланта во село Герман

Реконструкција на објектите на Здравствениот дом Крива Паланка, матична служба и амбуланта во село Герман

Крива Паланка, 10 септември 2024 (МИА) - Во Јавната здравствена установа Здравствен дом „Проф. д-р Димитар Арсов“ Крива Паланка во тек е реализација на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), со кој се врши реконструкција на објектите на матичната служба и амбуланта во село Герман.

Проектот се имплементира преку Министерство за финансии, во соработка со Министерство за здравство, а е финансиран со средства од Светска Банка. 

-Реконструкцијата се одвива преку имплементација на два засебни проекти, проект во ЈЗУ ЗД Крива Паланка – матична служба и амбуланта Герман. Имплементацијата на овој проект опфаќа: реконструкција на покривот, изолирање на фасадата, замена на прозорци и надворешни врати со нови, промена на системот за греење преку инсталирање нов систем со топлинска пумпа, како и замена на светилките со нови енергетско ефикасни светилки. Досега овој проект е над 50 отсто успешно реализиран, а со неговата целосна имплементација позитивен бенефит ќе имаат сите жители на Општина Крива Паланка, населено место Герман, како и останатие околни населени места, а исто така и вработените, преку подобри услови за работа. Најголем бенефит од проектот ќе имаат корисниците на услугите, кој што ги пружа ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка во објектот на матичната служба и амбулантата во населено место Герман, се наведува во соопштението од Здравствен дом Крива Паланка.

Оттаму посочуваат дека за време на реализација на градежните активности службите во ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка, како и амбуланта Герман работат нормално, со континуирано пружање адекватни здравствени услуги за пациентите. ид/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан