Реконструкцијата на патот Орешани-Зелениково во завршна фаза, министерот Бочварски на увид
- Се работи за локален пат што ги поврзува населените места Орешани и Зелениково, а за кој ќе бидат инвестирани 30 милиони денари. Ова е дел од Проектот за изградба и реконструкција на локалните улици и патишта во општините, што се реализира преку Министерството за транспорт и врски, со вкупна инвестиција од 70 милиони евра.
Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изврши увид во реконструкцијата на локалниот пат Орешани – Зелениково.
Се работи за локален пат што ги поврзува населените места Орешани и Зелениково, а за кој ќе бидат инвестирани 30 милиони денари. Ова е дел од Проектот за изградба и реконструкција на локалните улици и патишта во општините, што се реализира преку Министерството за транспорт и врски, со вкупна инвестиција од 70 милиони евра.
Со реконструкцијата, како што информираат од Министерството за транспорт, ќе се подигне безбедноста во сообраќајот и ќе се овозможи поквалитетно поврзување на жителите од општина Зелениково.
- Реконструкцијата на патот е во завршна фаза, а во овој момент се работи на поставување на заштитените огради покрај патот. Ме радува што граѓаните се задоволни и ги препознаваат нашите напори да реализираме вакви проекти со кои го олеснуваме нивното секојдневие и ја подобруваме безбедноста во сообраќајот. Даваме сериозен инпут на локалните самоуправи преку овој Проект за изградба и реконструкција на локалните улици и патишта, Министерството за транспорт и врски е најголем инвеститор во општините, истакнал Бочварски.
Досега во рамки на овој Проект, како што се наведува во соопштението, Министерството за транспорт и врски реконструирани се над 140 локални улици и патишта во над 60 општини. бак/ев/
Фото: Министерство за транспорт и врски