• сабота, 06 јули 2024

Реконструирано северното фудбалско изгралиште во СРЦ „Билјанини извор“

Реконструирано северното фудбалско изгралиште во СРЦ „Билјанини извор“
Охрид, 2 ноември 2022 (МИА) - Јавното претпријатие „Билјанини извори“ денеска го стави во функција реконструираното северно фудбалско игралиште со природна трева во спортско рекреативниот центар. Направени се градежно-санациони активности, нивелација на игралиштето, аерификација, засадување на трева, оградување на игралиштето и поставување систем за наводнување. - ЈП „Билјанини Извори“ согласно планот и програмата за работа на претпријатието за 2022 година ја реализира и ова предвидена активности веруваме на задоволство на сите фудбалски школи и клубови. Ставањето во функција на северното фудбалско игралиште претставува чекор напред кон комплетно уредување на тој простор со кој стопанисува јавното претпријатие, соопштија од претпријатието. сс/цр

Остани поврзан