• четврток, 04 јули 2024

Реконструирана спортската сала во велешкото  ООУ „Св.Кирил и Методиј“

Реконструирана спортската сала во велешкото  ООУ „Св.Кирил и Методиј“
Велес, 18 јули 2022 (МИА) - Целосно е реконструирана спортската сала во ООУ „Св.Кирил и Методиј во Велес, која веќе од септември ќе им биде целосно достапна на учениците за спорт и рекреација, информираат од Општина Велес. Средствата се  обезбедени од Министерството за образование и наука и Општина Велес Покрај теренот реконструирани се и трибините, соблекувалните, изградени се два целосно нови тоалети, а заменети  се и сите прозорци и фасадата на салата. - Детските насмевки се нашиот мотив! За поубав Велес!, потенцираат од Општина Велес. ад/цр

Остани поврзан