Реката Ламбро се излеа во близина на Милано
- Поради обилните врнежи во Милано и северниот италијански регион Ломбардија, изутрината е активиран одводниот резервоар на реката Севесо, додека реката Ламбро се излеа од коритото, јави италијанската новинска агенција АНСА.
Милано, 10 октомври 2024 (МИА) - Поради обилните врнежи во Милано и северниот италијански регион Ломбардија, изутрината е активиран одводниот резервоар на реката Севесо, додека реката Ламбро се излеа од коритото, јави италијанската новинска агенција АНСА.
Локалните власти соопштија дека од 3 часот наутро по локално време во финансиската престолнина на Италија наврнале околу 35 до 40 мм дожд.
Паркот околу реката што минува покрај Милано е поплавен и наредена е евакуација на две општини во околината.
Според метеоролозите, во текот на денешниот ден се очекува подобрување на времето. рп/
Фото: ЕПА